По конкретните пораки од  Викторија  Нуланд американскиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија , до двете страни за итно седнување  на маса и прво договор за фер услови  за спроведување  на избори  па потоа и избори,  еврокомесарто Јоханес Хан уште од вечерва во Скопје.

han-gruevski

Како што дознава Локално, тој би требало уште вечерва да пристигне  и од скопски Холидеј ИН  уште ноќеска да ги почне средбите за изнаоѓање решение до утре попладне. Оваа мисија започнува порано особено по последните јасни пораки од денешната главна гостинка НуландVasko_Nuland

 Во Ексклузивно интервју на Нуланд за Алсат-М Нуланд упати три пораки  Првата е дека работат заедно со Брисел, да нема никој дилеми во тоа.

 Јас дојдов тука денеска за да ставам до знаење колку е важно за САД партиите да работат заедно и да ја решат политичката криза, за да може да се вратиме на важните работи кои ги правиме заедно повеќе од 20 години – поддршка за демократскиот пат на Македонија, поддршка на вашите напори за функционално владеење на правото, за економски раст и најважно, за да го комплетирате вашиот напредок на евро-атлантскиот пат, до ЕУ и НАТО. Значи, навлеговме во детали за некои од отворените прашања, но беше во духот на обид за трасирање на патот за добри разговори утре.

Алсат-М: Ќе се обидам со уште поконкретно прашање. Едно од отворените прашања што ги споменувате е, како што е наведено во Договорот од 2 јуни, договор за „организација на Владата што ќе ги подготви следните избори“. Дали зборувавте во детали за ова прашање?

Нуланд: Разговаравме за различни опции со сите клучни партиски лидери, со премиерот, со г. Заев, со г. Ахмети и пред малку со г. Тачи…

Алсат-М: Дали имате лично мислење, личен став за ова прашање?

Нуланд: Ние ќе поддржиме се што може да добие консензус и што е во рамките на она што е веќе договорено. Поголем дел од работата веќе е завршен, како што знаете на 2 јуни. Значи, остануваат уште неколку прашања и едноставно се обидуваме да им помогнеме на страните да се слушнат меѓусебно, во пресрет на формалните преговори кои г. Хан ќе ги одржи.

 И клучната порака е за Изборите:

Нуланд: Очигледно, никој не посакува избори ако тие не бидат фер и слободни. Мислам дека целото ова поглавје ја извади на виделина потребата од послободно окружување за медиумите, за да се обрне внимание на изборните прашања кои ги идентификуваше ОБСЕ, за систем на владеење на правото во кого сите ќе имаат доверба. Значи, ова се прашања што, исто така, се разгледуваат, во контекст на договорот од 2 јуни. Станува збор, не само едноставно да има нови избори, туку за најчисто, најсилно, демократско придвижување на Македонија напред.

Алсат-М: Критиките се дека меѓу стабилност и демократија вие во Македонија избирате стабилност пред слобода и демократија.

Нуланд: Не мислиме дека е можна стабилност ако нема слобода, демократија, правичност и раст. Мислиме дека овие работи одат една со друга. Особено во земји со предизвици како мултиетничноста што ја имате. Во Македонија морате да имате систем во кој луѓето имаат доверба.

 

Алсат-М: Има мислења, анализи во јавноста дека решавање на политичката криза во Македонија не е можно без позначајно инволвирање на американската дипломатија, на повисоко ниво. Дали разгледувате евентуално таква можност?

… Затоа, во овој случај, амбасадорот Џес Бејли работи рака под рака со комесарот Хан. Јас, исто така, работам со комесарот Хан. Зборувавме пред да влезам на средбите, ќе зборуваме повторно. Ако имаме потреба од американска интервенција на повисоко ниво овде, за поддршка на тој процес, тогаш очигледно ќе ја обезбедиме, како што би ја обезбедил и комесарот Хан. Но, она што навистина го сакаме е Македонците да ги засукаат ракавите и да ги затворат овие последни јазови, за земјата да се врати на својата работа, на својот демократски курс. А, и ние да се вратиме на работата, да ви помогнеме во вашите НАТО-аспирации.

Алсат-М: Значи, да го заокружиме ова интервју. Ако добро Ве разбрав – прво да се обезбедат услови за фер и демократски избори, па потоа да се одржат избори, така?

Нуланд: Апсолутно. Токму тоа е во овој договор на кој работат вашите лидери. И токму тоа сакаме да го видиме завршено и се надеваме дека утре ќе биде многу, многу добар ден и дека сите ќе седнат на маса подготвени да го финализираат договорот. Тоа е во најдобар интерес на Македонија и во интерес на силна транс-атлантска траекторија на вашата земја.

Целото интервју тука

Слични содржини