Почина градежен работник по пад од скеле

од desk2

Градежен работник од Струга, ангажиран во гевгелија, при изведување градежни работи на куќа паднал од скеле и починал.


Во четвртокот, околу 16.45 часот во Гевгелија при изведување на градежни работи на куќа сопственост на А.Д., од скеле паднал С.У.(38) од село Октиси-Струга, кој бил ангажиран преку фирмата „Мансард“ од Гевгелија.

Од здобиените повреди, на пат кон Здравствен дом Гевгелија, С.У. починал.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и државен инспектор за труд. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Слични содржини