Почина и второто лице на кое му беше пресадено свинско срце

од Stefanija Kuzmanovska

Лоренц Фосет, вториот човек на кој му беше пресадено свинско срце, почина помалку од шест недели по оваа експериментална операција, објавија неговите лекари во американската сојузна држава Мериленд.

Фосет (58) страдал од срцева слабост и не се сметал за добар кандидат за традиционална трансплантација на срце, па на 20 септември добил генетски модифицирано свинско срце.

Според медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд, во првиот месец срцето изгледало здраво, но во последните неколку дена биле забележани знаци на отфрлање на трансплантираниот орган.

Фосет починал во понеделникот, пренесува АП.

Минатата година, тим од Мериленд ја изврши првата трансплантација на срце во светот од генетски модифицирана свиња на човек кој бил на умирање.

Тој живеел два месеца пред да му откаже срцето.

Слични содржини