Почина кошаркарот Јеловац

од Nikola Popovski

Стеван Јеловац, поранешен српски кошаркарски репрезентативец, почина на 33-годишна возраст како последица на мозочен удар.

Јеловац доживеа мозочен удар на 16 ноември на тренингот на АЕК, а неодамна беше префрлен на лекување во Белград.

Неговиот грчки клуб претходно пренесе информација за здравствената состојба на поранешниот српски репрезентативец.

„КК АЕК целосно ја информира јавноста за здравствената состојба на Стеван Јеловац. Нашиот кошаркар доживеа тежок мозочен удар“, се вели во соопштението на грчкиот клуб.

Неколку дена подоцна пристигнаа најлошите можни вести, поранешниот српски репрезентативец не успеа да ја добие најголемата битка и констатирана е смрт, пренесе КК АЕК.

Јеловац е роден во Нови Сад, професионалната кариера ја започна во Визура, а потоа играше за Црвена Звезда, Анталија, Јувекасерт, Лијетувос Ритас, Сарагоса, Нижни Новгород, Бамберг, Газиантеп, Санен Неофеникс, а во АЕК пристигна во август.

Слични содржини