Почна Карневалот во Рио (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Карневалот во Рио де Жанеиро и официјално започна.

Прекрасните платформи на големите училишта во самба поминаа низ Самбодромот во центарот на градот.

Имаше и историски момент – за прв пат во последниве 80 години водач на претставата на еден од традиционалните школи не е Бразилец, туку танчерка, родена во Велика Британија.

Прославите ќе продолжат до 17-ти февруари. Покрај официјалниот, натпреварувачки дел на Самбодромот, на улиците се организираат стотици помали настани.

Карневалот привлекува неколку милиони луѓе секоја година во Рио. Тој носи голем профит во градот, но исто така и многу проблеми со криминалот.

Слични содржини