Подгорица не ја менува одлуката: Српскиот амбасадор ќе биде протеран од земјата

од Nikola Popovski

Црногорската влада во заминување ја поздрави одлуката на Србија да не го протера црногорскиот амбасадор во Белград Тарзан Милошевиќ во согласност со мерките за реципроцитет и соопштила дека нема да се откажат од одлуката за протерување на српскиот амбасадор во Подгорица, Владимир Божовиќ.

Министерството за надворешни работи соопштила дека нема причина да биде протеран црногорскиот амбасадор Милошевиќ.

– Амбасадорот Тарзан Милошевиќ ја претставува својата земја што ја почитува Република Србија, не се меша во нејзините внатрешни работи, со воздржаност кон земјата домаќин дури и кога Црна Гора беше грубо навредувана и понижувана од различни адреси во Србија, црногорските државни симболи беа осквернавени, а поради тоа реагираа и разни меѓународни адреси – било објавено од ресорот на министерот. Срѓан Дармановиќ.

Црногорската влада, која ќе се повлече од функцијата на 2 декември, кога во парламентот ќе биде изгласан новиот мандатар Здравко Кривокапиќ, во изјавата вели дека, за разлика од Тарзан Милошевиќ, српскиот амбасадор „континуирано се меша во внатрешните работи на земјата каде што служи, со своите интерпретации на историјата“.

Така, тие тврдат, тој ја довел во прашање независноста на Црна Гора, негирајќи ја Резолуцијата усвоена во Парламентот за нелегитимноста на Собранието во Подгорица, која, како што велат, е позната по тоа што претставувала во историјата на Црна Гора.

Според црногорското МНР, Амбасадорот Божовиќ во петокот „нелегалното и нелегитимно го нарече Подгоричко собрание од 1918 година ослободително и слободна волја на црногорскиот народ, со што уште еднаш, на најдиректен начин ја омаловажи државата која му пружи дипломатско гостопримство”.

Во соопштението се истакнува дека Божовиќ на таков начин го понижи законодавното и претставничко тело – Собрание на Црна Гора, кое на 29 ноември 2018 година усвои Резолуција за поништување на одлуката на Подгоричкото собрание, со која беше укинат дотогашниот суверенитет на Црна Гора, а нејзината територија припоена кон Кралството Србија и насилно беше детрониизран кралот Никола Петровиќ Његош.

И српската премиерка Ана Брнабиќ порача дека Србија се согласува со изјавата на Божовиќ и дека тоа никако не може да биде причина тој да се протера од Црна Гора, додавајќи дека и официјални црногорски лица Србија ја прогласуваат за окупатор во Првата светска војна.

Од друга страна, заменик претседателот на спрската опозициска Партија на слободата и правдата, Борко Стефановиќ смета дека државниот врв на Србија со повлекување на својата одлука за протерување на црногорскиот амбасадор, признава дека црногорската власт на заминување била во право со одлуката за протерување на Божовиќ кој пак го нарече – партиски војник.

Слични содржини