Подигнувала пари од банкомат: Внука ги украла кредитните картички на сопствените баба и дедо

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека 32-годишна внука ги украла кредитните картички на нејзините баба и дедо и подигнала пари од банкомат во Велес.

„СВР Велес поднесе кривична пријава против 32-годишната жена, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. На 26.10.2020 во 16.57 часот, со намера да прибави противправна имотна корист, В.Д. ги земала кредитните картички од нејзиниот дедо и од банкомат подигнала пари, без предходно да ги извести нејзините дедо и баба“, соопштуваат од полицијата.

Слични содржини