ПОДМЕТНАТ ПОЖАР во Италија: Уапсен пироманот кој бил снимен од скриена камера

од Stefanija Kuzmanovska

Италијанските карабинери уапсија 50-годишен маж, кој е осомничен дека неодамна предизвикал пожар, кој горел 50 километри од Неапол. Пироманот бил фатен благодарение на скриената камера, која била наместена за научни цели.

Видео снимка од палење на сува трева објавија карабинерите пред четири дена. Камерата јасно покажува човек, чие лице е заматено. Се тврди дека се работи за човек од околината на Неапол.

На видеото се гледа како човек се приближува до сува трева по земјен пат, со запалка за потпалува додека дува силен ветар, а кога избувнал пожарот, тој побегнал.

Споменатиот инцидент се случил на 50 километри од Неапол.

Во меѓувреме италијанската цивилна заштита издаде предупредување за нови пожари во понеделникот, бидејќи температурите се зголемија до 46 степени Целзиусови во делови од Италија.

Италијанските пожарникари во неделата објавија дека во периодот од 15 јуни до 8 август оваа година, забележале 70 проценти зголемување на бројот на интервенции поради пожарите.

Слични содржини