Подметнат пожар во „Паркови и зеленило“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

ЈП „Паркови и зеленило“ ја информира јавноста дека доцна синоќа околу 1 часот по полноќ избувнал пожар во дирекцијата на претпријатието, поточно во делот на архивата, магацинот и просториите на секторот за финансии.

-По брзата реакција на чуварската служба и брзата интервенција на противпожарната бригада пожарот е навремено изгаснат и не е причинета голема материјална штета, сите документи се сочувани, како и просториите на претпријатието. Веднаш на лице место излезе увидна екипа на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од непознат сторител, велат од претпријатието.

ЈП „Паркови и зеленило“ најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата.

Претпријатието објави видео на социјалните мрежи од моментот кога настанал пожарот.

Од Противпожарната служба информираа дека добиле повик триесетина минути по полноќ и интервенирале до 1:40 часот. На терен изглегле тројца пожарникари со едно пожарникарно возило.

Слични содржини