Погба одбива да игра за Франција поради Макрон?

од Nikola Popovski

Француските медиуми пренесуваат дека Пол Погба може да ѝ каже „збогум“ на репрезентацијата.

Се шпекулира дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед е незадоволен што обезглавениот наставник постхумно бил одликуван со Орден на француската Легија на честа.

Тоа е човек кој бил убиен поради навредливите карикатури на пророкот Мухамед.

Погба смета дека изјавата на Емануел Макрон („Исламот е извор на меѓународен тероризам“) е навредлива за сите муслимани кои живеат во Франција.

Тој досега настапуваше за таа селекција 72 пати, постигна 10 гола и ја освои титулата на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Погба се уште не проговорил за овие шпекулации.

Слични содржини