Погба патува за Торино на прегледи за Јувентус (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Пол Погба преку кратко видео на социјалните мрежи потврди дека патува за Торино за да се врати во Јувентус. Французинот утре ќе биде подложен на прегледи, по што клубот и официјално ќе ја соопшти веста. 29-годишниот играч од средниот ред пристигнува во Јуве како слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Со „бјанконерите“ ќе потпише за четири сезони.

Погба играше за Јувентус во периодот од 2012 до 2016 година и забележа 177 натпревари.

Вчера во Торино пристигна уште едно од новите засилувања – Анхел ди Марија. Аргентинецот утринава се појави во медицинскиот центар на Јувентус на прегледи. Тој беше пречекан од десетици воодушевени навивачи на италијанскиот гигант.

Слични содржини