Погледнете ја редизајнираната Toyota Aygo за 2019 година

од desk2

По четири години од лансирањето, Toyota го освежи својот најмал модел на европскиот пазар.

 

Toyota Aygo втората генерација дебитираше во 2014 година со несекојдневен дизајн на предниот дел во облик на буквата „Х“.

Јапонскиот произведувач го задржа овој стилски детал и на редизајнерската верзија, со помалку козметички промени, а покрај тоа, новост се и LED дневни светла во облик на бумеранг, кои се вклопени во главните фарови.

На задниот дел од автомобилот имаме нови стоп светла, исто така во LED технологија. Стилските промени од надвор ги заокружуваат 15 инчни алуминиумски фелни, како и две нови нијанси на фарба – магента и плава.

Toyota досега не објави фотографии од патничката кабина.

Промените кои не се видливи со голо око, но секако се значајни, опфаќаат намалување на нивото на бучава и вибрации во патничката кабина, благодарение на подобрите изолациони материјали, па возењето на долги релации ќе биде многу поудобно за патниците од порано.

Aygo за 2019 година добива погон од подобрен трицилиндарски 1.0 бензинец, кој сега го задоволува Euro 6.2 стандардот.

Редизајнираната верзија на Toyota Aygo ќе има светска премиера на саемот на автомобили во Женева, кон почетокот на март.

Слични содржини