Погледот на калуѓерките додека Северина поминува во секси фустан – фотографија на деценијата

од Radmila Tasevska

Северина пред десет години прошета низ центарот на Дубровник во тесен фустан од тантела, кога ги остави без зборови минувачите, но и калуѓерките.

Сите собрани, вклучително и претставници на црквата, се свртеа кон пејачката додека таа снимаше реклама за модел на автомобил, чие лице беше во тој момент.

Северина им се насмевна на бројните свештеници и калуѓерки, а истата реакција ја предизвика и кај нив.

Токму во тој момент фотографите ги снимија легендарните фотографии кои веќе цела деценија кружат низ медиумите.

А сега, Северина ги сподели овие фотографии на својот Инстаграм профил, и се присети на сцена која веројатно ќе ја памети долги години.

Слични содржини