Пол-позиција за Хамилтон во Австрија

од Vladimir Zorba

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон (Велика Британија) го забележа најбрзото време на тренинзите и ќе ја има пол-позицијата на саботната трка во Формула 1 во Австрија.

Актуелниот светски шампион возеше одлично на дождот, ја забележа 90-тата пол-позиција во кариерата и ги остави зад себе Макс Верстапен од Ред Бул и Карлос Сајнц Џуниор од Мекларен.

Победникот од првата трка сезонава, на истата патека минатата недела, Валтери Ботас го зазеде четвртото место.

Трката во Австрија, за Големата награда на Штаерска, ќе се одржи утре од 15 часот.

Слични содржини