Недоследност на правната сигурност, политичка и општествена нестабилност, борба против корупцијата, процесот на интеграција на државата кон ЕУ, административни процедури се дел од предизвиците со кои се соочуваат странските инвеститори во државата.

SHtefan-Piter-860x680

Ова го покажува истражувањето на Советот на странски инвеститори при Стопанска комора на 118 членки за деловната клима во 2015 година.

– Според 68 проценти од инвеститорите, брзите и чести промени на регулативата има негативни ефекти врз нивното работење и ги отежнува планираните активности. Одложувањето на полтичката криза ќе има долгорочни последици врз стопанството, странските инвеститори ќе ги одложат своите планови за инвестирање – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори, Штефан Петер.

Според Петер, и покрај политичката несигурност 68 проценти од странските инвеститори сметаат дека деловната клима во 2015 година е задоволителна. Генерално, 74 проценти од инвеститорите повторно би инвестирале ако имаат можност.

Странските инвеститори позитивно ја оценуваат високо-квалификуваната работна сила, трошоците за деловно работење, даночна политика, достапноста и квалитетот на добавувачите, стабилното деловно опкружување, геостратешко позиционирање и близината до ЕУ.

 

МЕТА

Слични содржини