Полицаец во Конго убил студент затоа што не носел маска

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеник во Киншаса вчера убил студент затоа што не носел заштитна маска при снимање на видео, во време кога третиот бран на Ковид-19 ја погоди Демократска Република Конго (ДРК), објавија денес медиумите.

– Нашиот колега Оноре Шама, студент по литература на Универзитетот во Киншаса, сними видео како дел од практична работа поврзана со жанрот комедија. Полицаецот му рекол да ја стави маската, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се налутил затоа што очекувал пари и го обвинил за отпор и од непосредна близина пукал кон него – изјави очевидец, исто така студент на Petient Odia.

Началник на полицијата во Киншаса изјави дека полицаецот е во бегство.

„Потрагата по него продолжува“, рече Силвано Касонго.

Носењето маски во ДРК е задолжително, а кршењето на прописите се казнува со 10.000 франци или пет долари.

Полициските службеници во Киншаса ги бие глас дека редовно ги малтретираат луѓето и бараат пари за парична казна без да издадат потврда за плаќање.

Слични содржини