Полиција казнува на секој чекор: Санкции за 400 возачи на мотоцикли, 84 возеле без дозвола

од Берта Китинска

Во периодот од 06.06. до 12.06.2022 била спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што биле санкционирани 400 возачи, соопшти МВР.

Од нив, 242 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 84 возеле без возачка дозвола, 13 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола, 18 поради истечена осигурителна полиса, 14 мотоцикли биле нерегистрирани, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата. Апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Слични содржини