Викендов во Извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково се случувале скандалозни сексуални активности во организиран извиднички камп воден од „Прв скопски извиднички одред“.
Случајот е пријавен во полиција, потврдуваат од МВР и велат дека заедно со Јавното обвинителство ги преземаат сите мерки.
– Дежурен јавен обвинител е известен за настанот за кој покажувате интерес и издаде насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел утврдување на фактичката состојба – велат од ОЈО Скопје.
Кампот се организирал викендов во Извидничкиот дом Градовци, близу Зелениково.
Од ХЕРА, Асоцијацијата за здравствена едукација апелираат институциите итно да постапат по допрен глас и целосно да го расветлат случајот поврзан со извидничкиот настан.
Еден од најважните постулати на сексуалното образование, нагласуваат оттаму, е да се гарантира безбедна средина за секој учесник и да постои согласност за учество од страна на учесникот, што е уште поважно кога станува збор за малолетни лица кои немаат законска можност да дадат согласност, велат од таму.