Полска гради огромна ограда на границата со руската територија

од Stefanija Kuzmanovska

Полска почна со изградба на ограда од жилет-жица долга 210 километри на границата со Русија. Велат дека оградата ја градат за да се заштитат од влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, но и за локалното население да се чувствува побезбедно, пренесува ДВ.

На 2 ноември полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак го најави почетокот на изградбата на одбранбениот ѕид.

„Сакаме оваа граница да биде целосно безбедна“, рече тогаш тој.

Објасни дека полската влада била принудена на овој потег поради зголемениот број летови меѓу Калининград и Блискиот Исток.

Слични содржини