Помилувани стотици жени погубени поради вештерство

од Milan1

Каталонскиот регионален парламент официјално помилува стотици жени погубени поради вештерство во периодот од 15. до 18. век, пренесува Би-Би-Си.

Пратениците со големо мнозинство донесоа резолуција за рехабилитација на споменот на повеќе од 700 жени, кои биле мачени и убиени.

Коментирајќи го документарниот филм на ТВ3 насловен „Вештерки, големата лага”, каталонскиот претседател Пере Арагонес ги опиша ловот на вештерки како „институционализиран фемицид”.

Се проценува дека помеѓу 1580 и 1630 година околу 50.000 луѓе биле осудени на смрт поради вештерство во Европа, од кои околу 80 отсто биле жени.

Вештерките често биле обвинувани за ненадејна смрт на деца или за слаби жетви, тврди Пау Кастел, професор по модерна историја на Универзитетот во Барселона. Се верува дека десетици илјади лица, најголем дел жени, се осудени на смрт поради вештерство во Европа.

Ваквиот чекор следи по слични иницијативи во Шкотска, Швајцарија и во Норвешка.

Слични содржини