Помпео ќе покаже докази дека Ковид 19 постоел пред декември 2019 година?

Администрацијата на Доналд Трамп ги минува последните денови од својот мандат да докаже дека Кина го криела постоењето на Ковид-19 уште пред официјално да го објави првиот случај во декември 2019 година, пишува англискиот весник Мирор, наведувајќи дека сето тоа ќе го обелодени државниот секретар Мајк Помпео.

Британскиот весник известува дека администрацијата на Трамп ќе покаже интелигенција во наредните денови, во кои, наводно, постојат докази дека истражувачите од Институтот за вирусологија во Вухан се разболеле и покажале симптоми што ги дава Ковид многу пред светот да знае за вирусот.

„Америка досега се воздржуваше од поддршката на широко распространетите теории на заговор дека вирусот потекнува од Институтот за вирусологија во Вухан“, вели Мирор.

Пекинг ги негираше обвинувањата, велејќи дека епидемијата започна во Вухан кон крајот на декември 2019 година.

Мирор ги пренесува тврдењата на весникот Сан, кој има информации дека државниот секретар Мајк Помпео ќе отвори разузнавачки информации за лабораторијата во Вухан во среда.

Слични содржини