Попис со строги протоколи

од Берта Китинска

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, посочи дека  заводот е подготвен за почетокот на големата статистичка операција.

-Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин, подвлече Симовски.

Тој напомена дека очекува попишувачи да има секаде, објаснувајќи дека сите ќе требаат да ги почитуваат протоколите без разлика дали се вакцинирани.

-Можноста да ги добиеме на располагање времено анагажирание лица во државните и институциите на локалната самоуправа е за да се интервенира по потреба, таму каде ќе нема вентуално доволно кадар – раазлични јазици при попишување и слично. Но, се надевам и очекуваме дека тоа нема да се случи, истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Со владината одлука државните институции ќе имаат обврска да понудат кадар на Државниот завод за статистика во септември за време на пописот.Во тој период административците со договор на дело нема да одат на работа, ќе бидат, а ќе бидат платени исто како и останатите кандидати кои доброволно се пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ предлага пописот да биде електронски.

Најдобро е да се направи електронски попис.Без физичко присуство ќе се спречи ширењето на заразата, населението ќе се заштити и нема да има простор за манипулација, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Директорот на државниот завод за статистика, Симовски вели дека не доаѓа предвид сега да се менува методологијата на пописот. Уверува дека статистичката операција ќе се врши согласно сите здравствени и безбедносни протоколи и нема простор од страв и паника поради епидемиолошката состојба.

Слични содржини