Пописот да се пролонгира за април 2021 година предлага ДЗС

од Vladimir Zorba

Државниот завод за статистика во однос на Пописот на население, домаќинства и станови информира дека согласно воспоставената меѓународна пракса и искуство, пописните и изборните активности не можат да се одвиваат паралелно. Во таа насока, Државниот завод за статистика ќе даде предлог до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови, периодот на спроведување на Пописот да се пролонгира за април 2021 година, а Законот за Попис на население, домаќинства и станови да биде донесен пред формирање на техничката Влада.

Воедно, Државниот завод за статистика изјавува дека е подготвен за разгледување на можностите за усогласување на сите отворени забелешки поврзани со Пописот со сите релевантни чинители во државава.

Слични содржини