Поповиќ: Во државава, ние имаме култура на толеранција кон грешки, кои овозможуваат долго опстојување на погрешни луѓе во ДИК

Во своето гостување во Топ тема, Миша Поповиќ од Институтот за демократија, Социетас цивилис, се осврна на составот и партизацијата на ДИК.

„Ние имаме потешкотии да го направиме професионален, изборниот процес. Кај нас, политичките партии си го поделуваат колачот во Државната изборна комисија, што е клучен знак за партизација на органот. Нам ни е потребен стабилен состав на ДИК. Во државава, ние имаме култура на толеранција кон грешки, кои овозможуваат долго опстојување на таквите луѓе во комисијата. Со самото тоа што Даштевски ја прокоментира состојбата на Груевски и моментот дека бил дискриминиран, требаше да се вклучат службите за правно да го испитаат ваквиот став“, истакна Поповиќ.

Слични содржини