Поповски: Ако ја губиме здравствената ситуација од контрола, економската никогаш нема да ја добиеме

од Aleksandar Petrovski

Во 24 Анализа професорот и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски вели дека се уште живееме во некој полусон и нема да биде сезони оваа пандемија, но ќе постои уште долго и ние треба да се прилагодиме на ситуацијата. Потенцираше дека ситуацијата ќе влијае на опопштеството но во фокус на вниманието треба да биде исклучиво здравјето на граѓаните.

„Економската битка нема да ја добиеме ако ја изгубиме здравствената. Ако ја губиме здравствената ситуација од контрола, економската никогаш нема да ја добиеме. Економијата функционира со три фактори, вирусот го афектира човечкиот фактор и тогаш како ќе се бориме? Затоа е подобро да бидеме порестриктивни. Здравствените мерки ќе дадат поголем простор на економските.“ – рече Поповски.

Ние не сме општество кое функционира на работ на сиромаштијата, рече Поповски. Тој ги поддржи карантините и смета дека треба да се субвенционираат оние кои ќе бидат погодени од тоа. Ако функционира економијата понатаму без карантин, ќе биде црно по економијата.

Слични содржини