Поповски: Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ околу наредбата на Бајден се контрадикторни

од Nikola Popovski

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е комплетно нејасен околу извршната наредба на Бајен, бидејќи што би можела да каже една политичка партија во однос на декретот“, вели политичкиот аналитичар, Љупчо Поповски за емисијата „Топ тема“.

Според него, не е јасно како ова може да се ефектуира.

„Ставот на граѓаните на референдумот за Преспанскиот договор беше 92 проценти од тие што излегоа, а исто така ставот на претставниците на граѓаните во Парламентот беше усвоен, со гласањето на уставните измени. Да не заборавиме во 2008 година, Милошоски потпиша позната Декларација за стратешко партнерство и соработка меѓу Македонија и САД, во која станавме земја од посебен интерес на Америка. Денес Тимчо Муцунски изјавува дека „ние ќе ги гледаме нашите интереси, а не интересите на САД“ и со ова влегува во контрадикција, токму поради ова партнерство, кое го потпиша тогаш Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Поповски.

Слични содржини