Поради проблеми со срцето, Агуеро ќе одмора 3 месеци

од Vladimir Zorba

Серхио Агуеро, фудбалерот на Барселона, ќе мирува три месеци поради проблеми со срцето, соопшти денеска каталонскиот клуб.

Аргентинецот мораше да оди во болница поради болки во градите по саботниот натпревар со Алавес кој го заврши предвреме. Подетални прегледи покажаа дека ќе биде потребен подолг третман.

Агуеро во најдобар случај нема да може повторно да игра до февруари, а за тоа време ќе биде внимателно следен од Барселона и нејзиниот лекарски тим.

„Се чувствувам добро и подготвен сум за лекување. Благодарен сум за многу убавите желби и поддршка, чувствувам дека срцето ми се зацврсти“, напиша Аргентинецот на Твитер.

Слични содржини