Поранешниот фудбалер после смртта на сопругата, ќе се венча со 13 години помлада девојка

од desk2

Поранешниот фудбалер и ријалити ѕвездата, според британските медиуми, ќе се венчаат во луксузен хотел во Турција. Таму отпатувале со своите гости.

Рио Фердинанд (40) овој викенд повторно ќе се венча со ријалити ѕвездата Кејт Врајт (27).


Според британските медиуми, парот ќе се венча во луксузен хотел во Турција, каде отпатувале со сите свои гости. Фудбалерот ќе се венча четири години после смртта на сопругата Ребека, која не успеала да го победи ракот на дојка.

„Нивните семејства и пријатели веќе се таму и им се одземени мобилните теелфони за ништо да не фотографираат“, рекол извор близок на парот за „The Sun“. Фудбалерот и ријалити ѕвездата се во врска две години, а се вериле во ноември минатата година.

Рио Фердинанд ја запросил Кејт на покрив на зграда во Абу Даби, а со нив биле и неговите 3 деца, Лоренз, Тејт и Тиа.

„Рече ‘да’. Никогаш нема да ми биде јасно како овие три деца успеаа да ја сочуваат тајната“, напишал тогаш заљубениот Рио покрај фотографија. Кејт Врајт работела како менаџер пред да почне да се појавува во ријалити шоуа. Пред четири години била во ријалити шоуто „The Only Way is Essex“.

Најголемата популарност ја стекнала на социјалните мрежи на кои ја следат неколку илјади корисници. Своите облини и фигура ги одржува со вежбање во теретана.

За тоа дека поранешниот фудбалер сака жени, сведочи и фактот дека Врховниот суд во Велика Британија пред неколку години утврдил дека ја изневерил сопругата со најмалку 10 жени. На списокот се нашле манекенка, стриптизерка, стјуардеса…

Слични содржини