Porsche ја зголеми продажбата за 15 отсто во првата половина од годината

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на спортски автомобили Porsche објави дека неговата продажба во првата половина од годината значително скокнала, благодарение на силната побарувачка на домашниот и европскиот пазар во целина.

Во периодот од јануари до јуни се испорачани 167.354 возила, 15 отсто повеќе од истиот период лани, информираат од компанијата.

Најмногу е зголемена продажбата во Германија и другите европски земји, за 24, односно 23 отсто.

Во Кина е зголемен за околу осум отсто, а во Северна Америка за околу 12 отсто.

Особено популарни беа теренците, со 26 отсто повеќе продадени Macan и 12 отсто повеќе Cayenne.

Се издвои и спортскиот автомобил 911, со зголемување на продажбата за 21 процент.

Продажбата на електричниот Taycan сепак е намалена за пет отсто, со продадени 17.991 автомобил, поради недостиг на делови, објави компанијата.

„По првите шест месеци (од оваа година) можеме да бидеме задоволни со испораките“, заклучи шефот на продажба Детлев фон Платен.

Слични содржини