Последните моменти од животот на Татарски: Разговара со Дарија, па следи експлозија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи денеска се појави ново подолго видео од кафулето во Санкт Петербург каде Владлен Татарски (вистинско име Максим Фомин), влијателен руски воен блогер, беше убиен со експлозив.

За потсетување, руските безбедносни сили ја уапсија Дарија Трепова, девојката осомничена дека ја донела фигурата во кафулето, во која наводно имало 200 грама експлозив, за учество во бомбашкиот напад.

На видеото се гледа како Фомин ја повикува Трепова, која наводно фигурата му ја предала на соработник на Фомин, да седне во негова близина во моментот кога таа почнала да си оди. Таа го послушала и седнала на стол недалеку од Фомин.

Што може да се види на видеото?

Фомин и Трепова разменуваат неколку зборови непосредно пред експлозијата, што се слуша и на видеото. Последните зборови на Фомин кон Трепова биле „па, се е тоа за јавноста“.

Трепова потоа ги подава рацете кон Фомин, а потоа со нив го покрива сопственото лице. Во тој момент се слуша експлозија во која загина рускиот блогер, а повредени се десетици луѓе.

„Таа би морала да биде луда за доброволно да седне толку блиску до епицентарот на неизбежната експлозија“

Новинарот Леонид Рогозин, кој го објави видеото на Твитер, истакнува дека човек би морал да „има челична волја“ или „да биде целосно луд“ за доброволно да седи толку блиску до епицентарот на експлозијата за која знае дека неизбежно ќе се случи за неколку моменти.

Рогозин посочува дека Трепова во моментот на експлозијата немала никаков прекинувач или мобилен телефон со кој би можела да ја активира експлозивната направа.

Слични содржини