Посна чоколадна торта

од Stefanija Kuzmanovska

Рецепт за совршена торта за време на постот.

Состојки:

– 680 гр мелени ореви

– 230 гр мед

– 6 штангли посно чоколадо

– 6 кесички ванилин шеќер

– шолја и пол кисела вода

– шолја и пол масло

– 18 лажици брашно

– 200 гр маргарин

– прашок за пециво

Подготовка:

Кори: Измешајте 230 гр мелени ореви, 230 гр мед, 230 гр шеќер, кисела вода, 3 штандли чоколадо, 3 кесички ванилин шеќер, масло, 18 лажици брашно и една лажичка прашок за пециво.

Истурете ја смесата во подмачкана тава и печете. Кога ќе ја извадите од рерна, исечете ја за да добиете три кори.

Фил: Измешајте 450 гр шеќер со малку вода, додадете 450 гр мелени ореви и 3 штансли мелено чоколадо. Изладете го филот и измешајте го со 200 гр маргарин кој сте го изматиле во пена со три кесички ванилин шеќер.

Исфилувајте ја тортата, исечете и посипете ја со чоколадо.

Слични содржини