Посно: Совршена мексиканска салата

од desk2

Одлична салата која може да се послужи како главно јадење или предјадење…

СОСТОЈКИ:
4 поголеми печени пиперки
200 гр шампињони
200 гр праз
200 гр пченка од конзерва
200 гр црвен грав од конзерва
сол
масло
оцет
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете го празот сечкан на кругови, па додајте шампињони сечкани на листови. Кога ќе се пропржат тргнете ги од оган, посолете додајте пиперки исчистени и исечкани, пченка, грав, оцет и уште посолете и добро измешајте.

Мерките можете да ги зголемите по потреба. По желба додајте лута пиперка.
Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Слични содржини