ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Бродот кој го блокираше Суецкиот канал конечно ќе исплови

од Stefanija Kuzmanovska

Бродот „Ever given“, кој го блокираше Суецкиот канал во март, ќе биде пуштен во среда, на 7 јули, откако сопствениците на танкерот постигнаа официјален договор со египетските власти.

Властите одговорни за Суецкиот канал објавија дека сагата ќе заврши на 7 јули, кога ќе се одржи специјална церемонија по повод потпишувањето на договорот за „испловување со бродот“.

Бродот, кој пловеше под знамето на Панама, се насука во Суецкиот канал на 23 март поради песочна бура и со тоа го блокираше клучниот воден пат помеѓу Европа и Азија, што доведе до поголемо зголемување на глобалните трговски трошоци. Кризата траеше скоро седум дена.

Инцидентот принуди бројни товарни бродови да пловат по алтернативни рути, заобиколувајќи ја Африка.

Слични содржини