Постојано земаме погрешна доза на витамин Ц – која е вистинската?

од Vladimir Zorba

Научниците кои стојат зад ова тврдење, сметаат дека резултатите од студијата од 1944 година се шокантни. Овие резултати се сметаат за релевантни до денес, како што беше потврдено со фактот дека сегашната препорака на Светската здравствена организација (СЗО) е во согласност со резултатите од таа студија, а тоа е дека оптималниот дневен внес на витамин Ц е 40 до 45 милиграми

Научниците зад новата студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition велат дека студијата спроведена во 1944 година од страна на The Sorby Research Institute требало да ја процени исхраната на Британците за време на Втората светска војна, во време на недостаток на храна.

„Во тоа време, целта беше да се избегне скорбут, кој се јавува поради недостаток на витамин Ц, а не да се подобри здравјето“, тврдат научниците.

Водечкиот професор Филипе Хујоел рече: „Експериментот со витамин Ц е шокантна студија. Тие го намалија нивото на витамин Ц кај луѓето на долг рок и создадоа итни случаи опасни по живот“.

Како дел од студијата, на учесниците им биле давани нула, 10 или 70 милиграми витамин Ц дневно во просек по девет месеци. Во овој период, на учесниците им се нанесувале експериментални рани, а истражувачите ја користеа „јачината на лузни“ како мерка за количината на витамин Ц, бидејќи лошото заздравување на раните е показател за скорбут.

„Наодите од повторната анализа на податоците добиени со истражувањето на Сорби укажуваат дека препораката на СЗО е премногу ниска за да спречи слаби лузни. Потребниот внес на витамин Ц е двојно поголем од дневниот внес на витамин Ц од 45 милиграми, што го препорачува СЗО “, додаде професорот Хујоел.

Според Националната здравствена служба (NHS), витаминот Ц, исто така познат како аскорбинска киселина, има три главни функции: заштита на клетките и одржување на нивното здравје, одржување на здравјето на кожата, крвните садови, коските и ‘рскавицата и помага во заздравувањето на раните.

Добри извори на витамин Ц вклучуваат агруми, пиперки, компири, јагоди, црни рибизли и брокула.

Слични содржини