Потажно не може да биде: Почина млад фудбалер, кој гол и бос дотурка до Рома

од Vladimir Zorba

Џозеф Буасе, млад камерунски фудбалер, кој требаше да го прослави својот 22 роденден на 1 септември, почина во вчеравечерта од срцев удар.

Несреќниот млад човек ја започна својата кариера во АС Рома, тренирајќи со легенди како Даниеле Де Роси и Франческо Тоти, откако стигна до познатиот клуб како сиромашен човек. Имено, тој пристигна во Италија на возраст од 16 години со неколку други врсници, а на толку долго патување го убедил шверцер на луѓе, кој го лажел дека ќе му обезбеди фудбалска кариера.

За жал, тој го оставил сам да се снаоѓа на римската железничка станица, а милост побарал во локалното прифатилиште. Таму, за време на пријателски натпревар, го привлекол вниманието на извидниците на Рома, па тој навистина заврши во клуб каде што имаше намера да ги исполни своите соништа.

View this post on Instagram

Joseph Perfection @grande Daniele De Rossi@Trigoria

A post shared by Joseph Perfection (@joseph.perfection) on

Тоа беше во 2015 година, тој потпиша договор со Рома веднаш штом наполни 18 години, а тренерот Лучано Спалети постојано го повикуваше да се приклучи на тренинзите на првиот тим. Тој го одигра својот прв професионален сениорски натпревар како играч на Виченца, а во февруари 2020 година стана член на романскиот клуб Университите Клуж.

Слични содржини