Потпишан Меморандум за разбирање за сајбер безбедност на критична инфраструктура меѓу МИО и администрација и Тетра Тек

од Берта Китинска

Владата на Република Северна Македонија е посветена на подобрување на превенцијата, подготвеноста, одговорот и закрепнувањето од заканите за сајбер-безбедноста врз критичната инфраструктура и клучните ресурси, како што се енергетските комунални услуги, ИКТ мрежите и финансиските институции.

Со цел зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност на државата, Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) на Република Северна Македонија и Тетра Тек ЕС, АД (Тетра Тек) – американска компанија и спроведувач на програмата за техничка помош во Северна Македонија на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) потпишаа Меморандум за разбирање.

Меморандумот ја опишува техничката помош што Тетра Тек ќе ја даде на МИОА за да ја унапреди заедничката цел за подобрување на подготвеноста за сајбер безбедност и зајакнување на координацијата меѓу клучните засегнати страни во Северна Македонија, вклучително и владата и приватниот сектор за заштита на критичната национална инфраструктура од сајбер напади.

Оваа соработка ќе ги зајакне човечките и технолошките капацитети за сајбер безбедност низ критичните инфраструктурни субјекти и клучните ресурси, ќе ги подобри комуникациските протоколи за сајбер безбедност низ секторите и ќе ја зголеми отпорноста и подготвеноста на државата да се справи со закани по сајбер безбедноста.

Помошта на Тетра Тек е дел од заложбата на УСАИД за унапредување на енергетскиот сектор и безбедноста на критичната инфраструктура во регионот на Европа и Евроазија и поврзување на сојузниците во регионот со американски инвеститори, технологии и експертиза.

Слични содржини