Потрага по вооружен маж во Ливерпул, отворил оган во кино

од Stefanija Kuzmanovska

Британската полиција започна потера по вооружениот маж кој во средата вечерта упаднал во кино во англискиот град Ливерпул и отворил оган. Во нападот нема повредени.

Полицијата во Мерсисајд добила извештаи за истрели од огнено оружје кои се слушнале во Шоукејс киното на патот Источен Ланкашир, кога маж донел огнено оружје, објави британски „Експрес“.

Полициските службеници веднаш пристигнале на местото на инцидентот и ги советувале граѓаните да останат внатре бидејќи напаѓачот 10 часа бил во бегство.

Од полицијата потврдија дека нема повредени и дека инцидентот не е поврзан со тероризам, туку дека се третира како голем инцидент.

Слични содржини