Потребни биле 1.200 часови за да се изработи овој фантастичен фустан на Шарлиз (ФОТО)

од Elena Daskalova

Популарната актерка неодамна присуствуваше на хуманитарен настан, а нејзиниот изглед привлече многу внимание и сигурно е дека слични изданија ќе гледаме и кај многу други нејзини колешки.

Шарлиз носеше златен мини-фустан, кој ако го погледнете внимателно, ќе сфатите дека е многу детално изработен и дека е вистинско ремек-дело.

Фустанот е со потпис на модната куќа Диор, изработен е од имитација на кожа на која рачно се везени деталите. За да се сошие овој фустан биле потребни 1.200 работни часови, што и не е реткост кога се работи за уникатните фустани на Диор.

 

Слични содржини