Повеќе од 4,56 милиони луѓе ширум светот починаа од коронавирус

од Nikola Popovski

Најмалку четири милиони и 565.622 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека повеќе од 220 милиони и 652.860 се заразени.

Бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

САД беа најтешко погодени со 648.472 смртни случаи и 39.945.106 заразени.

Следуваат Бразил со 583.628 смртни случаи и 20.890.777 случаи на инфекција, Индија со 440.752 смртни случаи (33.027.621 заразени), Мексико со 263.140 смртни случаи (3.428.384 заразени лица) и Перу со 198.488 смртни случаи (2.155.034 заразени).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 602 на 100.000 жители. Потоа следуваат Унгарија (311), БиХ (301), Северна Македонија (291), Чешка (284) и Црна Гора (280).

Латинска Америка и Карибите имаат 1,449,875 смртни случаи (43,585,626 заразени), Европа 1,260,397 смртни случаи (63,979,325 заразени), Азија 793,406 смртни случаи (51,067,277 заразени), САД и Канада 675,471 смртни случаи (41,460,273 заразени), Африка 199,232 смртни случаи (7,916), Блискиот Исток 185.475 смртни случаи (12.512.638 заразени) и Океанија 1.766 смртни случаи (130.744 заразени).

Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини