Повеќе од 40 загинати во израелскииот воздушен напад близу Алепо во Сирија

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека во нападот пред зори загинале и биле ранети цивили, како и воен персонал.

од Бети Божиноска

Најмалку 42 лица, меѓу кои 36 сириски војници и шест борци на либанската група Хезболах загинаа утронава во израелски воздушен напад врз сириската провинција Алепо, пренесува „Франс24“ цитирајќи ја Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, од каде што додаваат дека во бомбардираната област се наоѓаат складиштата за оружје на Хезболах.

Во соопштението, исто така, се наведува дека нападнатата област се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Алепо.

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека во нападот пред зори загинале и биле ранети цивили, како и воен персонал.

Сириската армија претходно соопшти дека во израелските воздушни напади рано изутринава во близина на Алепо загинале најмалку 36 сириски војници и најмалку шест борци на Хезболах, повредени се неколку луѓе и е причинета материјална штета.

Сириското Министерство за одбрана утринава соопшти дека израелските воздушни напади биле насочени кон околината на Алепо и дека овие напади се случиле истовремено со напади со беспилотни летала од Идлиб и западниот рурален Алепо, и дека овие напади се чини дека биле извршени од, како што е наведено, „терористички организации“, а мета биле цивили во градот и неговата околина.

Се додава дека нападите предизвикале штета на јавен и приватен имот. Две лица се повредени во четвртокот во израелски воздушен напад во областа околу главниот град на Сирија, Дамаск.

Израелската армија соопшти дека „нема да ги коментира извештаите во странските медиуми“ за смртоносните воздушни напади во близина на Алепо.

Илјадници Јорданци се собраа во четвртокот во близина на Израелската амбасада на петтиот ден од големите протести против Израел, повикувајќи на прекин на непопуларниот мировен договор на Јордан со неговиот западен сосед.

Слични содржини