Повреден полицаец при вчерашното хулиганство во Скопје

од Nikola Popovski

Вчера тоа што се случи беше резултат на хулигани кои немаат врска со спортот – и од едната и од другата страна. Ако ги погледнете вестите на агрегаторите ќе видите се, освен колку бил резултатот од натпреварот. Фудбалерите се дојдени да играат фудбал за вистинските навивачи, рече премиерот Димитар Ковачевски за вчерашните тепачки поврзани со бугарските навивачи кои дојдоа во Скопје.

Според премиерот, вчера се виде дека фудбалот и било кој спорт да се остави на спортистите и вистинските навивачи, а не на хулигани кои ги преземаат настаните пред и по натпреварите и сите вести.

Никој не зборува кој фудбалер каков фудбал играл, туку сите зборуваат кои се тие 15 хулигани кои се тепале и повредиле полицаец, кој благодарение на докторите, повредата му е санирана и е пуштен на домашно лекување, кажа Ковачевски.

Премиерот немаше информација дали Бугарија испратила протестна нота, но рече дека доколку дошло до тоа, Министерството за надворешни работи соодветно ќе одговори.

Слични содржини