Повторно ги помести границите: Ешли Греам уште еднаш ја шокираше јавноста! (ФОТО)

од Берта Китинска

Ешли Греам, американска манекенка и прва плус-сајз манекенка на насловната страница на списанието Sports Illustrated Swimsuit Edition, ги помести границите и ги разби предрасудите за женското тело и перцепцијата на женската убавина во нејзината долга кариера.

Но, во последните неколку дена таа повторно беше во центарот на вниманието, објавувајќи голи селфиња од сопствената бања, славејќи го сопственото тело. Она што може да шокира некои можеби не е голотијата, туку гордоста што ја чувствува Ешли поради нејзината фигура, со сите стрии и килограми кои не сме навикнати да ги гледаме на инаку филтрираните слики од социјалните мрежи.

Се чини дека по освојувањето на модните писти и насловните страници на модните списанија, Ешли постави нови цели – да го нормализира женското тело по породувањето и да се соочи со нереалните барања на општеството, кое очекува жените за чудо да се вратат на истата тежина и мерките што ги имаа пред бременоста и породување.

Слични содржини