Повторно лажни пријави за бомби, покажа проверката на МВР

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја извести јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека четири училишта на територија на Скопје добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од полицијата.

Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“.

Пријавата за заканувачките мејлови стигнала до МВР во 14 часот.

Минатата недела во средата, четвртокот и петокот, како и пред два дена повеќе скопски училишта добија мејлови со закани за поставени бомби, што по извршените проверки од страна на полицијата се утврдија дека се лажни дојави.

Полицијата во средата повика на разговор едно лице од Скопје во врска со заканите, но лицето беше веднаш пуштено и од обвинителството кажаа дека не е поврзано со испратените закани.

Слични содржини