Повторно одекнаа експлозии во Киев, Кличко ги повика граѓаните да останат во засолништа

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска повторно се слушнале експлозии во центарот на украинската престолнина Киев, по новото предупредување за воздушна опасност.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека дошло до експлозии во центарот на Киев и ги повика жителите да останат во засолништа, пренесува „Ројтерс“.

Русија рано утринава започна нов бран воздушни напади врз Киев со помош на дронови и крстаречки ракети.

Слични содржини