Пожар во казино во Ѓорче Петров

од Nikola Popovski

Голем пожар утрово се случил во скопската населба Ѓорче Петров. Пожарот е до Домот на Културата, при што зафатена е кровната конструкција на казино што се наоѓа во непосредна близина.

Противпожарните екипи се на терен и работат на локализирање на огнената стихија.

Пожарот е пријавен во МВР во 10 часот и 40 минути. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

 

Слични содржини