Пожари во југозападна Турција, едно лице загина (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Едно лице загина денес при гаснење на шумски пожари во турската провинција Мугла.

Убиен е вработен во Турската дирекција за шумарство, пренесува агенцијата Анадолија.

Пожарот избувна во шумата во близина на хотелот во Мармарис.

Голем број на пожарникари, како и шест хеликоптери, булдожери и резервоари за вода се борат против пожарот, чие ширење го помага ветерот.

Слични содржини