Застрашувачко ВИДЕО: Ајкула плива кон плажа полна со деца во Мармарис

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави ново видео од ајкула во турското одморалиште Мармарис.

На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео, на кое се гледа како капачите напаѓаат ајкула додека таа се обидува да избега. Снимката била споделена на социјалните мрежи од набљудувачи, бидејќи смртоносното суштество било видено како плива кон плажа полна со деца. Перка на ајкула може да се види како исплива додека плови покрај брегот на Мармарис, во југозападна Турција.

Локалните жители и туристите изгледаат како да стојат во плиткото додека ајкулата кружи околу нив. Додека повеќето ужасно ја гледаат ситуацијата, еден капач ѝ приоѓа на ајкулата и почнува да ја удира со подолг стап. По неколку удари, изгледа дека ајкулата плива во друга насока, пренесува MIrror.

Се смета дека Средоземното Море е дом на 47 видови ајкули, вклучувајќи ја сината ајкула и големата бела ајкула. Сепак, и покрај тоа што големата бела е најопасна, тие ретко се гледаат.

Снимката доаѓа откако две жени беа убиени оваа недела во одвоени напади на популарна египетска туристичка плажа.

Слични содржини