Познат актер осуден за силување: Му се заканува затворска казна до 30 години

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Дени Мастерсон (47), познат по улогата на Хајд во серијата „Луди седумдесетти“, беше обвинет за силување на три девојки пред две децении, а судот го прогласи за виновен во два случаја.

Поротата, составена од 7 жени и 5 мажи, ја донесе пресудата по седум дена размислување, а за третиот случај не можеше да донесе одлука, пишува USA Today.

Актерот беше изведен од судницата во Лос Анџелес со лисици, неговата сопруга плачеше, додека семејството и пријателите беа во неверување.

На Мастерсон му се заканува затворска казна до 30 години.

Пресудата доаѓа шест месеци по првото судење на актерот, каде што тој се соочи со обвинение за силување на три жени кои ги запознал во црква.

Актерот беше обвинет од три жени дека им ставил дрога во нивните пијалоци помеѓу 2001 и 2003 година во неговиот дом во Лос Анџелес со цел да ги силува, а потоа ја искористил својата важност во Скиентолошката црква за да ги избегне последиците, било наведено во завршните зборови на судењето.

Обвинителот рече дека актерот ги дрогирал жртвите за да добие контрола, односно да им го одземе правото на жртвите да одбиваат.

„Не сакате да имате секс? Немате избор. Обвинетиот го направил тој избор за овие жртви. И тоа го правел повторно и повторно“, рече обвинителот.

Мастерсон се изјасни за невин за силување на три жени во неговиот дом помеѓу 2001 и 2003 година, а неговиот адвокат им кажа на поротниците дека е важно да се земат предвид недоследностите во приказните на жените.

Слични содржини