Познат датумот кога ќе започне вакцинацијата ширум Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес потврди дека вакцинацијата против коронавирусот во Европската унија ќе започне на 27 декември.

„Вакцинацијата низ Европската унија ќе започне на 27, 28 и 29 декември. Ова е моментот на Европа. Заедно ги штитиме нашите граѓани. Заедно сме посилни“, напиша фон дер Лајен на Твитер.

Неколку европски земји, вклучително и Германија, Франција и Италија, претходно рекоа дека ќе го координираат почетокот на нивните кампањи за вакцинација против коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан порано денес изјави дека сите земји-членки на ЕУ планираат да започнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември.

Слични содржини