Познат идентитетот на насилниците кои малтретираа девојка во Штип

од Берта Китинска

По објавеното видео на социјалните мрежи, од МВР велат дека веќе се обезбедени двете момчиња кои ја тепаат девојката и дека многу брзо полицијата ќе излезе со официјалните информации.

На социјалните мрежи веќе се објавени и имињата на насилниците, но за нив официјална потврда од МВР сѐ уште нема.

Заменик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска потврди дека полицијата постапува во врска со објавеното видео и најави најстроги казни за ваквото нечовечко однесување.

„На социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување“, објави таа на „Фејсбук“.

Во видеото кое интензивно го споделуваат корисниците на Facebook може да се видат две млади момчиња кои тепаат девојка прашувајќи ја дали е бремена. Се уште нема информации кога е снимено видеото и како се случило две лица физички да малтретираат девојка.

Слични содржини